EBOLAAAAAA

01.07.2026 Скопје

Африканските центри за контрола и превенција на болести, најголемата агенција за јавно здравје во Африка, денес соопштија дека здравствените власти на Уганда потврдиле изолиран случај на болеста предизвикана од вирусот Марбург, многу заразна хеморагична треска.

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) соопшти дека случајот со инфекција со вирусот Марбург е откриен за време на истрагата за епидемијата на ебола во Уганда.

Портпаролот на Африканскиот ЦДЦ изјави дека властите на Уганда тврдат дека ниту еден од заразените не развил симптоми и дека во моментов нема активен случај во источноафриканската земја, и потврди дека случај на „Марбург“ е откриен во округот Кјегегва во западна Уганда, кај дете од една и пол година кое починало.

„Африканските центри за контрола и превенција на болести се подготвени да поддржат верификација, проценка на ризикот и подготвеност за одговор по потреба“, изјави неименуван функционер на Светската здравствена организација (СЗО), додавајќи дека СЗО е свесна дека во Уганда е откриен случај на инфекција со вирусот Марбург.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author