20.07.2026 Скопје
Цените на нафтата денес нагло пораснаа по новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран, при што суровата нафта од Северното Море, Брент, за прв пат по долго време надмина 90 долари за барел, додека европските индекси паднаа.
Цената на суровата нафта од типот Брент за испорака во септември се зголеми за околу 2,5 проценти на отворањето на берзата, на повеќе од 90 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI за август се зајакна за околу 2,3 проценти, на 84,38 долари.
Германскиот DAX падна за 0,24 проценти, францускиот CAC 40 за 0,38 проценти, британскиот FTSE за 0,18 проценти и московскиот MOEX за 1,12 проценти.
Инвеститорите стравуваат дека продолжените воени операции би можеле сериозно да ги загрозат испораките преку Ормутскиот теснец, еден од најважните светски транспортни правци за нафта.
Аналитичарот на „Квантум стратеџи“, Дејвид Роуч, проценува дека светските залихи на нафта би можеле да паднат на критично ниско ниво веќе во септември.
Затоа, тој очекува дека цената на Брент би можела да се искачи на опсег од 95 до 105 долари за барел во наредните месеци.
Европските фјучерси за гас за август се тргуваа на отворањето на берзата Амстердам TTF денес по цена од 60.450 евра за мегават-час.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,14469 долари.
Цената на златото падна на 4.016,54 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 6,7912 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).
Подготвено од А.Ѓ.