NAPAD

20.07.2026 Скопје

Најмалку шест лица се повредени во украинскиот напад врз Домодедово во Московската област во текот на ноќта, изјави началничката на округот Домодедово, Евгенија Хрусталева.

Таа објави на Телеграм дека повредените се хоспитализирани и дека едно лице е во сериозна состојба.

Домодедово е град во Московската област, кој се наоѓа околу 37 километри јужно од центарот на Москва.

Украина лансираше повеќе од 400 дронови кон Москва преку ноќ, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Тој на платформата „Макс“ објави дека повеќето од овие дронови биле неутрализирани од руските сили за воздушна одбрана на далечните приоди кон Москва и дека 85 дронови биле уништени додека се приближувале кон Москва.

Агенцијата наведува дека обидот за напад на украински беспилотни летала врз Москва синоќа бил еден од најголемите од почетокот на војната во Украина.

Претходно беше објавено дека најголемиот обид за напад врз Москва е регистриран ноќта помеѓу 6 и 7 јули оваа година, кога силите за воздушна одбрана соборија повеќе од 430 беспилотни летала.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author