08.06.2026 Скопје
Франција би можела да изгуби 3,2 милиони жители помеѓу 2026 и 2070 година ако продолжат сегашните демографски трендови, соопшти националниот завод за статистика (INSEE), додавајќи дека миграцијата повеќе нема да може да го компензира природниот пад на населението од 2037 година па наваму.
Ова намалување на населението е „историско“, нагласи Лу Волф, раководител на одделот за демографски и социјални студии во INSEE, на прес-конференција.
Волф додаде дека, освен во периоди на војна, нема пример за намалување на населението од ваков обем во Франција.
Според проекциите на населението на INSEE за Франција до 2070 година, се очекува населението малку да се зголеми помеѓу 2026 и 2037 година, од 69,1 милиони на 69,8 милиони, но овој раст на населението би се должел исклучиво на миграцијата.
Потоа, INSEE предвидува пад на населението, кое би паднало на 65,9 милиони во 2070 година, бидејќи миграцијата повеќе нема да го компензира природниот пад. Намалувањето првенствено се однесува на падот на стапката на наталитет.
Институтот додаде дека овие проекции не се прогнози, бидејќи параметрите на кои се базираат можат да се променат.
Подготвено од А.Ѓ.