12.06.2026 Скопје
Околу три милиони невработени граѓани на Европската Унија пронашле работа во првиот квартал од 2026 година, што претставува 22,9 проценти од сите невработени лица регистрирани во последниот квартал од минатата година, објави денес Евростат.
Според податоците од Европскиот завод за статистика, помеѓу четвртиот квартал од 2025 година и првиот квартал од 2026 година, 7,1 милиони невработени лица, или 53,2 проценти од вкупниот број, станале невработени, додека 3,2 милиони луѓе ја напуштиле работната сила.
Во исто време, од сите граѓани кои биле вработени на крајот од минатата година, 2,5 милиони или 1,2 проценти станале невработени во првиот квартал од 2026 година, додека 4,4 милиони луѓе преминале во категоријата економски неактивно население.
Евростат, исто така, наведува дека меѓу луѓето кои биле надвор од пазарот на трудот на крајот на 2025 година, 4,2 милиони успеале да најдат работа во текот на првите три месеци од оваа година, додека 3,8 милиони се префрлиле во категоријата невработени.
Податоците укажуваат на континуирано движење на работната сила помеѓу вработеноста, невработеноста и економската неактивност, што е еден од клучните индикатори за флексибилност на пазарот на трудот во Европската Унија.
Подготвено од А.Ѓ.