instagram i fejsbuk

12.06.2026 Скопје

Корисници ширум светот пријавија проблеми со социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и со апликацијата Месинџер, што им отежнува на голем број луѓе пристапот и користењето на овие платформи.

Според корисниците, некои сметки биле недостапни, додека содржината на Фејсбук се вчитувала бавно или воопшто не се прикажувала. Многумина пријавиле тешкотии при пристапувањето до профилите и користењето на основните функции.

Проблеми беа пријавени и на Messenger, каде што корисниците не можеа да вчитуваат разговори, да испраќаат пораки или да се најават на своите сметки.

Слични прекини го погодија и Инстаграм, при што корисниците пријавуваат неможност за освежување на содржината, вчитување објави и испраќање пораки.

Компанијата „Мета“ објави дека станува збор за технички проблем кој во меѓувреме е решен. По краток прекин, пристапот до сметките и функциите постепено почна да се враќа во нормала, додека извештаите за дефекти значително се намалија.

Сепак, одредени функции на Facebook, Messenger и Instagram сè уште се отежнати или недостапни за некои корисници, со очекување дека системот ќе биде целосно стабилизиран во наредниот период.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author