05.06.2026 Скопје
Најмалку 49 лица починаа од жед во Сахара откако камион со кој патувале од Мали до Нигер се расипал, соопштија локалните власти.
Патниците, сите нигериски државјани, се враќале дома кога камионот се изгубил, а подоцна се расипал во оддалечена област во близина на границата меѓу Мали и Алжир, според соопштението на гувернерот на регионот Агадез.
„Заглавени без вода и неспособни да го поправат возилото, патниците се нашле заробени во непријателска средина каде што екстремните температури и недостатокот на точки за снабдување го направија преживувањето исклучително тешко“, се вели во соопштението.
Двајцата мажи пешачеле десетици километри за да стигнат до најблискиот град и да ги известат властите за инцидентот.
Телата на 49 лица беа пронајдени под камионот и во околината, а спасувачите ги закопаа жртвите во масовни гробници ископани на местото.
Спасувачите, исто така, пружија помош на друг камион со повеќе од 60 патници кој беше заглавен три дена откако му откажа батеријата.
Многу млади Нигеријци патуваат во Мали за да работат во рудници на мали приватни локации, и покрај ризиците од напади од милитантни групи.
Подготвено од А.Ѓ.