17.06.2026 Скопје
Хрватскиот пратеник во Европскиот парламент Никола Бартулица денес изјави дека Србија и Црна Гора не можат да станат членки на Европската Унија сè додека не се реши прашањето за воените репарации за сите жртви на војната, признавањето на агресијата од 90-тите години и конкретната соработка во пронаоѓањето на исчезнатите лица.
На дебатата во Европскиот парламент за проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан, Бартулица нагласи дека земјите од регионот треба да имаат европска перспектива, но додаде дека процесот на проширување мора да биде поврзан со решавање на клучните отворени прашања од минатото, соопшти неговиот кабинет.
„Србија и Црна Гора не можат да станат членки на ЕУ сè додека не се реши прашањето за воените репарации за сите жртви на Татковинската војна, признавањето на агресијата од 90-тите години и конкретната соработка во пронаоѓањето на исчезнатите лица“, рече Бартулица, додавајќи дека ова мора да биде приоритет на Хрватска.
Зборувајќи за Босна и Херцеговина, Бартулица ја повика ЕУ да посвети поголемо внимание на земјата и да ја обезбеди потребната помош во справувањето со предизвиците што влијаат на секојдневниот живот на граѓаните.
Тој критикуваше делови од извештајот за Босна и Херцеговина кои се однесуваат на концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег.
„Станува збор за патриот, најпопуларниот хрватски пејач, а таквите работи не треба да се политизираат“, рече Бартулица.
Подготвено од А.Ѓ.