fico slovachka premier

24.06.2026 Скопје

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека нема да издвојува средства од државниот буџет за воена помош на Украина, ниту пак ќе учествува во новиот пакет финансиска помош од 70 милијарди евра за Киев, кој се дискутира во рамките на НАТО.

Според италијанската новинска агенција Анса, конечната декларација од самитот на НАТО во Анкара би можела да предвиди дека сојузниците ќе издвојуваат околу 70 милијарди евра секоја година за воена поддршка на Украина во текот на неколку години.

„Со голема загриженост ги следам подготовките за самитот на НАТО во Анкара, кој ќе се одржи во првата недела од јули. Слушнав дека повторно сакаат да соберат пари за Украина. Се зборува за 70 милијарди евра за поддршка на војната во Украина. За прв пат јавно го кажувам ова: Ќе направам сè за да се осигурам дека Словачка нема да учествува во воени заеми за Украина. Ние сме подготвени хуманитарно да ѝ помогнеме на Украина, но Словачка нема да ѝ даде пари на Украина за оружје и војна од сопствениот буџет“, рече Фицо за време на разговор со студенти, чиј снимка беше објавен на YouTube каналот на словачката влада.

Фицо го повтори ставот на неговата влада дека хуманитарната помош за Украина е прифатлива, но дека се спротивставува на финансирањето на воени активности и испораките на оружје.

Русија верува дека испораките на оружје за Украина ја попречуваат можноста за политичко решение на конфликтот и директно ги вовлекуваат земјите од НАТО во конфликтот. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека секој товар што содржи оружје за Украина би бил легитимна цел за Русија. Кремљ постојано изјавуваше дека испораките на оружје од Запад не придонесуваат кон преговорите и имаат негативен ефект.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author