24.06.2026 Скопје
Екстремните горештини во Франција доведоа до смрт на живина и сериозни тешкотии во собирањето на мртви животни, објавија денес француските медиуми.
Поради оваа ситуација, поврзана со рекордни горештини, надлежните државни органи размислуваат за закопување на мртвата живина во фармите лоцирани во двете области со најголем број живинарски фарми.
Западна Европа во последните денови доживува екстремен топлотен бран, кој однесе десетици животи. Училиштата се затворени, електричните мрежи се преоптоварени, а многу земјоделци се принудени да ги работат своите полиња ноќе. Сточарите и одгледувачите на живина го носат најголемиот дел од топлотниот бран што се интензивираше од понеделник, особено во западна Франција.
Подготвено од А.Ѓ.