08.06.2026 Скопје
Попладнево, во западните и југозападните делови, имаше локален развој на нестабилна облачност со поројни дождови, грмежи и засилен ветер во близина на охридско-преспанскиот, дебарско-кичевскиот и полошкиот регион, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМ).
Големи делови од Охрид и Струга останаа без струја кратко по 17 часот.
Причината за прекинот е дефект поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО, за кој велат дека е дефект во преносната мрежа, предизвикан од лоши временски услови, и дека наскоро ќе испратат официјални информации за причините и сериозноста на проблемот.
Подготвено од А.Ѓ.