08.06.2026 Скопје
Додека стапката на породување дома се намалува, германските породилишта бележат нов тренд со дури 1.620 македонски бебиња родени минатата година.
Вкупниот број на македонски државјани регистрирани како странци кои живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120, што е за 2.000 повеќе во однос на 2024 година кога овој број изнесувал 158.995, покажуваат податоците од Германскиот федерален завод за статистика.
Од 2015 до 2025 година, бројот на македонски државјани регистрирани како странци во Германија се зголемил за повеќе од 65.000.
Статистиката покажува дека само минатата година во Германија се родени 1.620 новороденчиња од „странци од Македонија“, заклучи „Блумберг Адрија“ врз основа на податоци од Германскиот федерален завод за статистика.
Сè поголем број деца од македонско потекло се раѓаат во странство, најчесто во Германија, што е уште еден показател за долгорочните последици од емиграцијата на работоспособното население.
Германија останува една од најпосакуваните дестинации за македонските граѓани кои бараат подобри економски можности, повисоки приходи и посигурна иднина за своите деца. Илјадници македонски граѓани се преселија таму во последните години, а некои од нив веќе основаат семејства и имаат деца, што придонесува за зголемување на бројот на деца родени во германски породилишта од родители со македонско потекло.
Подготвено од А.Ѓ.