02.06.2026 Скопје
Шпанија забележа рекордни температури на морето за месец мај по должината на поголемиот дел од својот брег, соопшти денес Шпанската пристанишна управа.
Во соопштението се вели дека највисоката температура некогаш забележана за месец мај е забележана од 12 од 15 пловки за длабоко вода, како и од шест од 14 пловки долж брегот.
Портпаролот на AEMET, Рубен дел Кампо, изјави дека климатските промени предизвикани од човековата активност се причина за овој феномен.
„Во текот на последната деценија, имаше само седум рекордно ладни денови, додека ние имавме 221 рекордно топли денови“, рече Дел Кампо.
Според него, овие резултати одразуваат постојан пораст на просечните глобални температури, но рекордната температура на морето во мај не е поврзана со Ел Нињо, кој потенцијално ќе почне да се појавува во Пацификот во наредните месеци, достигнувајќи го својот врв во октомври и ноември.
Ел Нињо е глобален климатски феномен во тропскиот Тихи Океан што се јавува кога пасатните ветрови ослабуваат, што доведува до необично затоплување на површинските води на океанот.
Подготвено од А.Ѓ.