15.06.2026 Скопје
Шпанија би можела да достигне 100 милиони странски туристи до 2026 година, престигнувајќи ја Франција како водечка светска дестинација, проценуваат туристичките претставници.
Земјата минатата година прими рекордни 97 милиони посетители, а само во април имаше 9,1 милиони пристигнувања, што е зголемување од 5,2 проценти во однос на истиот месец во 2025 година. Војната во Иран и затворањето на дестинациите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, како што се Турција и Египет, дополнително ги насочија туристите кон Шпанија. Сепак, зголемувањето на цените на горивата би можело да ги ограничи европските патувања, додека домашното незадоволство поради „прекумерниот туризам“ расте.
Од 2016 година, градови како Барселона, Балеарските Острови и Канарските Острови се домаќини на летни протести против прекумерниот број посетители. Граѓаните се жалат на толпите, влијанието врз животната средина и зголемувањето на кириите.
Активистите предупредуваат дека сопствениците на недвижности ги одредуваат цените на своите имоти за странски туристи, а не за локални плати. Премиерот Педро Санчез минатата година изјави дека има премногу Airbnb станови и премалку имоти за долгорочен изнајмување. Владата ја казни платформата со 65 милиони евра за рекламирање на нерегистрирани станови.
Барселона најави укинување на сите 10.000 дозволи за краткорочно изнајмување станови до 2028 година и зголемување на туристичкиот данок. Туристичката индустрија предупреди дека ваквите мерки би можеле да ја загрозат конкурентноста и работните места, додека локалните активисти повикуваат на уште порешителна акција.
Подготвено од А.Ѓ.