MERC

15.06.2026 Скопје

Мировен договор меѓу САД и Иран би можел да ја стабилизира глобалната економија, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека прашањето за Либан мора да биде вклучено во договорот.

Зборувајќи пред состанокот на Групата седум (Г7) во Франција, Мерц рече дека „дипломатскиот прозорец“ сега е отворен за прашањето за војната во Украина, додавајќи дека сака да разговара за тоа со американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп претходно објави дека „договорот со Иран“ е сега завршен, што вклучува отворање на Ормутскиот теснец и укинување на американската поморска блокада врз Иран.

Повикувајќи се на неименуван ирански извор запознаен со деталите од преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, новинската агенција Фарс објави дека дел од договорот предвидува Иран да им дозволи на бродовите да минуваат низ Ормускиот теснец бесплатно „само 60 дена“, што значи дека САД го прифатиле принципот на наметнување тарифи, обезбедувајќи само шеесетдневно ослободување за Иран.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author