Image by Allexxandar on Freepik

09.06.2026 Скопје

Агенцијата за дрога на Европската унија (EUDA) денес во својот годишен извештај објави дека нелегалната преработка на кокаин и хероин во ЕУ првенствено се одвива во Холандија, каде што во 2024 година беа откриени 24 локации за оваа намена.

ЕУДА, со седиште во Лисабон, објави дека истата година во Шпанија биле откриени седум локации за преработка на кокаин, по четири во Португалија и Белгија, два во Италија и еден во Германија.

Холандија, исто така, е високо рангирана меѓу земјите од ЕУ за преработка на хероин, а од 20-те локации за пакување и сечење хероин откриени од полицијата во 2024 година, 15 биле во Холандија.

Таа земја беше лидер и по бројот на откриени лаборатории за екстази во истата година, кога 47 од вкупно 59 лаборатории за оваа дрога беа откриени во Холандија, на територијата на земјите од ЕУ.

Во однос на бројот на разбиени лаборатории за амфетамин, Холандија се најде на второ место, со 23 од 252 разбиени лаборатории за оваа дрога, додека Чешка се најде на убедливо прво место, каде што беа пронајдени и разбиени 184 вакви лаборатории.

ЕУДА во соопштението наведува дека во извештајот се вклучени податоци од 27 земји-членки на ЕУ, како и од Турција и Норвешка.

Според извештајот, увозот на запленет кокаин се намалил за 20 проценти во 2024 година, во споредба со 410 тони во 2023 година, но бројот на локации каде што бил запленет кокаин се зголемил.

Според агенцијата на ЕУ, кокаинот влегол во Европа во 2024 година во помали пратки и на повеќе локации, отколку претходната година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author