EPL

09.06.2026 Скопје

Европската унија соопшти дека го отфрлила барањето на Apple да биде изземена од Законот за дигитални пазари (DMA), откако компанијата изјави дека правилата ја спречуваат да воведе нова верзија на својот гласовен асистент Siri, базиран на вештачка интелигенција, на европскиот пазар.

Европската комисија смета дека нема ништо во регулативата за DMA што би го спречило воведувањето на нови производи на Apple, вклучително и функции за вештачка интелигенција. Според Брисел, Apple, наместо да развие решение што би ги исполнило европските стандарди за приватност и безбедност, побарало ослободување од обврските за најмалку 18 месеци, што било одбиено. Apple претходно предупреди дека ќе го одложи воведувањето на подобрена функција за вештачка интелигенција Siri на уредите iPhone и iPad во ЕУ поради регулаторни барања, тврдејќи дека правилата го отежнуваат почитувањето на стандардите за приватност и безбедност.

На овогодишната конференција WWDC, технолошкиот гигант од Купертино вчера претстави голем број нови функции, а главната ѕвезда на вечерта беше, секако, вештачката интелигенција и подобрениот асистент на Apple, Сири.

Сири сега има длабоко разбирање за сè што се случува на вашиот екран и во вашиот живот, можете да ѝ кажете работи како: „Испрати ѝ на мама фотографија од скарата од минатата сабота“, а таа ќе ја пребара вашата галерија, ќе ја пронајде точната слика и ќе ја испрати, велат од Apple.

Покрај тоа, Apple ги здружи силите со компанијата Open AI, па Siri, со дозвола од корисникот, ќе може да го користи Chat GPT за комплицирани прашања, пишување приказни или анализа на документи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author