17.06.2026 Скопје
Повеќе воени сили на НАТО треба да бидат стационирани во балтичките земји, изјави денес латвискиот премиер Андрис Кулбергс.
Тој рече, на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Брисел, дека се потребни повеќе војници на Алијансата на терен не само во Латвија, туку и во балтичките земји и на источното крило на НАТО.
Кулбергс изјави дека е потребно да се поттикне и развојот на одбраната од беспилотни летала во Европа, нагласувајќи дека треба да учиме од искуствата на Украина во соборувањето беспилотни летала.
Тој оцени дека, кога станува збор за одбрана од беспилотни летала, потребна е тесна соработка меѓу голем број земји бидејќи беспилотните летала постојано се развиваат.
Руте рече дека НАТО веќе работи на ова преку својата мисија „Источна гарда“.
Членките на НАТО Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија доживеаја упади со беспилотни летала во нивниот воздушен простор во текот на изминатата година.
Подготвено од А.Ѓ.