08.06.2026 Скопје
Либанската група Хезболах денес објави дека започнала нов ракетен напад врз израелските сили во јужен Либан.
Хезболах тврди дека испалил ракети врз група израелски воени возила и војници на периферијата на јужниот град Бит Јахун, на околу сто километри од главниот град Бејрут.
Хезболах соопшти дека нападот е одговор на израелските прекршувања на прекинот на огнот и нападите врз села во јужен Либан.
Иран претходно изврши ракетни напади врз северен Израел, велејќи дека Израел ги преминал „сите црвени линии“ со нападот врз јужните предградија на Бејрут.
„Претходно предупредивме дека ако криминалот во предградијата на Бејрут се прошири, ќе нападнеме цели на окупираните територии“, се вели во соопштението на иранската војска.
Во него се додава дека Израел, „доколку ги прошири своите напади врз регионот или одговори на дејствијата на Иран“, ќе се соочи со уште поразорни удари.
Подготвено од А.Ѓ.