nuklearka

09.06.2026 Скопје

Трошоците на деветте нуклеарни држави за нуклеарно оружје се зголемија за речиси една петтина во 2025 година, достигнувајќи вкупно 119 милијарди долари, соопшти Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN).

Според извештајот, ова претставува зголемување од 19 проценти во однос на 2024 година и највисоко ниво откако ICAN почна да ги следи годишните трошоци за нуклеарните арсенали на САД, Русија, Кина, Франција, Обединетото Кралство, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел во 2020 година.

Соединетите Американски Држави останаа најголем трошач, со 69,2 милијарди долари, што е зголемување од 22 проценти и повеќе од вкупната потрошувачка на сите други нуклеарни држави заедно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author