EBOLAA

09.06.2026 Скопје

Демократска Република Конго денес соопшти дека бројот на потврдени смртни случаи од ебола се искачил на 101 и дека присуството на вооружени групи продолжува да ги попречува напорите за ограничување на епидемијата во најтешко погодената покраина.

Епидемијата на ебола, предизвикана од редок сој на вирусот Бундибугио, беше објавена на 15 мај.

Во својот последен извештај за состојбата, конгоанската влада соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 35 нови потврдени случаи, вклучувајќи 10 смртни случаи.

Со ова, вкупниот број на потврдени случаи се искачи на 550, а вкупниот број на потврдени смртни случаи на 101. Случаи се пријавени во 17 здравствени зони на Итури, како и во провинциите Северен и Јужен Киву.

Локалната недоверба и отпор го отежнаа преземањето мерки против еболата, а беа пријавени и напади врз погребални екипи и центри за лекување.

Последниот таков напад се случи во недела, рече изворот, при што сериозно беа повредени две лица и беа оштетени две возила. Судирите ги погодија трите провинции кои долго време беа погодени од вооружен конфликт: Итури, Северен Киву и Јужен Киву.

Во извештајот за состојбата на властите се вели дека присуството на вооружени групи во Џугу, Ируму и Мамбаса, во покраината Итури, продолжува да го ограничува пристапот до хуманитарната помош до неколку здравствени зони кои беа погодени или се во ризик. Претходно денес, водечката агенција за јавно здравје во Африка соопшти дека бројот на потврдени случаи на ебола во Конго се искачил на 544.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author