09.06.2026 Скопје
Командантот на силите Кудс на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), бригаден генерал Есмаил Кани, денес изјави дека фронтот на отпорот, кој е поврзан со Иран, формира нов безбедносен појас што се протега од Ормутскиот теснец, помеѓу Иран и Оман, до теснецот Баб ел-Мандеб, помеѓу Црвеното Море и Аденскиот Залив.
„Од Ормутскиот теснец до Баб ел-Мандеб и од Персискиот Залив до Црвеното Море, ќе има нов безбедносен појас на отпор“, рече Кани.
Тој предупреди дека „актите на агресија“ од страна на израелскиот режим и САД во регионот би можеле да предизвикаат реакција од тој обединет фронт на отпорот.
Подготвено од А.Ѓ.