FRANCIJA TEMPERATURA

24.06.2026 Скопје

Франција постави 339 нови температурни рекорди во својот најтоплиот ден откако започнаа мерењата во 1947 година, додека екстремен топлотен бран зафати голем дел од земјата.

Според метеоролошките служби, апсолутните температурни рекорди се срушени на 135 станици.

Највисоката температура е измерена во Пизос во департманот Ланд, каде што се измерени 44,3 степени Целзиусови.

Во истата област, станицата „Сејбрс“ регистрираше рекордно висока температура од 42,5 степени.

Западниот дел од Франција беше најтешко погоден.

Во департманот Ванде, температурите достигнаа 44 степени во Ле Ербјер, додека 43,8 степени беа измерени во Сен-Фулјан и Палу.

Температури над 43 степени се забележани и на повеќе места во департманите Мејн и Лоара, Жиронд, Де Севр, Шарант, Лоара-Атлантик и поморски Шарант.

Топлотниот бран го погоди и централниот дел од земјата, каде што беа поставени нови рекорди во департманите Шер, Индре и Индре-е-Лоара, со температури кои достигнаа повеќе од 43 степени.

Во југозападна Франција, нови рекорди се регистрирани во департманот Лот, додека во Тулуз се измерени 41 степен Целзиус.

Во градот Пау температурата достигна 39,9 степени.

Рекордни вредности се забележани и во северозападните региони на земјата.

Во Рен беа измерени 41,3 степени, додека во Кан беше соборен претходниот температурен рекорд со максимални 40,3 степени Целзиусови.

Метеоролошката служба „Метео-Франс“ предупреди дека некои рекорди би можеле да бидат соборени и денес.

Поради екстремната жештина, 58 департмани се ставени под највисоко, црвено, ниво на тревога, што влијае на околу 44 милиони француски жители.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author