ILUSTRACIJAAAAA

18.06.2026 Скопје

Европол, во соработка со безбедносните служби на осум европски земји и Федералното истражно биро (ФБИ) на САД, спроведе еднонеделна операција низ цела Европа, насочена кон мрежи поврзани со Исламска држава во покраината Хорасан (ИСКП).

Како што е наведено во соопштението на Европол, операцијата се одвивала од 1 до 5 јуни под координација на Европскиот центар за борба против тероризмот (ECTC), а била насочена кон лица од чеченско и централноазиско потекло за кои постои сомневање дека се поврзани со ISKP.

Според Европол, за време на операцијата биле разменети разузнавачки информации во реално време, што овозможило идентификација на осомничените, мапирање на нивните движења помеѓу Европа, Јужна Америка и САД, како и спроведување на повеќекратни апсења.

За време на операцијата беа разменети повеќе од 100 гигабајти оперативни информации, а соработката овозможи напредок во неколку истраги поврзани со тероризам.

Европол во операцијата вклучи експерти за анализа на податоци, сајбер криминал и финансиски истраги.

Европскиот центар за киберкриминал (EC3) обезбеди поддршка во следењето на трансакциите со криптовалути, додека Европскиот центар за финансиски и економски криминал (EFEC) помогна во откривањето на мрежите за финансирање.

Во операцијата учествувале безбедносни служби од Белгија, Чешка, Германија, Финска, Италија, Ирска, Шпанија и САД. Европол соопшти дека операцијата ја потврдила важноста на меѓународната соработка во борбата против тероризмот и следењето на активностите на ИСКП, која продолжува да претставува една од главните џихадистички закани на глобално ниво.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author