pozhari portugalija

18.06.2026 Скопје

Гренланд беше погоден од шумски пожари уште во јуни оваа година, што е невообичаено за арктичкиот остров и може да биде поврзано со климатските промени и затоплувањето на Арктикот, изјави денес истражувач од Институтот за природни ресурси на Гренланд.

Раководителот на Одделот за животна средина и минерали на институтот, Карл Брикс Зинглерсен, изјави дека шумските пожари во Гренланд се релативно нов феномен и дека до 2008 година, сателитските снимки покажувале дека тие биле отсутни.

Според него, помеѓу 2008 и 2020 година, регистрирани се 21 шумски пожар, претежно во текот на јули и август, додека пожарите во јуни се значително поретки.

Истражувачите веруваат дека раната појава на пожари може да биде поврзана со климатските промени, затоплувањето на Арктикот и влијанието на климатскиот феномен Ел Нињо.

Повеќето од пожарите избувнаа во западен Гренланд, каде што во последните недели преовладуваше сончево и суво време, што придонесе за сушење на вегетацијата и зголемен ризик од пожари.

Противпожарните служби ги повикаа жителите да користат само одредени места за палење оган и скара.

Во пожарите нема повредени, а пожарникарите брзо ги ставија под контрола.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author