toplo-1

15.06.2026 Скопје

Од почетокот на следната недела, особено централна, југозападна, западна Европа и Италија ќе бидат погодени од нов екстремно топол бран од Африка и тропски антициклон (зона со висок притисок) што ќе предизвика суво, стабилно и екстремно топло време со многу сончево време и екстремно високи температури на воздухот.

Овој екстремно топол бран ќе предизвика невообичаено високи температури за јуни во горенаведените региони на Европа, а тие ќе бидат значително над просекот (10 до 15 степени над просекот за месец јуни, па дури и локално повеќе од 15 степени над просекот за месец јуни).

Во многу делови од европскиот континент, во текот на следната недела, температурите ќе надминат 30/35 степени, а локално ќе се искачат до 40 степени. Очекувам дека повремено во горенаведените делови од Европа, локалните температури дури ќе надминат 40 степени.

Во поголемиот дел од Европа и на Балканот, следната недела ќе имаме суво и стабилно време без врнежи од дожд.

Тука во Македонија, температурите исто така ќе се зголемат следната недела, но овој екстремно топол бран ќе биде поумерен, односно со помал интензитет, а следната недела температурите во Македонија ќе се искачат во опсег од 28 до 35/36 степени. Македонија повремено ќе има и услови за ретки појави на локална попладневна нестабилност, придружена со краткотрајни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author