nafta-1

10.06.2026 Скопје

Европските индекси денес се претежно во благ тренд на раст, при што цената на нафтата од типот Брент се искачи на повеќе од 91 долар за барел, додека пазарите ги очекуваат податоците за инфлацијата во САД, кои ќе бидат објавени во 14:30 часот.

Според податоците на берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта WTI се зголеми за 0,21 проценти на 88,355 долари за барел, а цената на нафтата Брент се зголеми за 0,32 проценти на 91,688 долари.

Германскиот DAX порасна за 0,15 проценти, францускиот CAC 40 за 0,43 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,14 проценти, додека московскиот MOEX падна за 0,61 проценти.

Вниманието на пазарот е исто така насочено кон претстојната одлука на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарната политика, при што се очекува креаторите на политиките да ги зголемат каматните стапки во четврток поради зголемените инфлациски притисоци.

Европските фјучерси за гас за јули се тргуваа на отворањето на берзата Амстердам TTF денес по цена од 49,4 евра за мегават-час.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,15578 долари.

Цената на златото падна на 4.199,33 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 5,8984 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).

Американскиот индустриски индекс Дау Џонс порасна за 0,17 проценти на 50.872,11 поени на затворањето на тргувањето во вторник, додека S&P 500 падна за 0,26 проценти на 7.386,65 поени, а Nasdaq падна за 0,97 проценти на 25.678,82 поени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author