09.06.2026 Скопје
Министерството за надворешна трговија и економски односи при Советот на министри на Босна и Херцеговина и здружението „Зелен тим Нови Град“ и Архускиот центар Сараево поднесоа жалба против Хрватска до Секретаријатот на Бернската конвенција на Советот на Европа.
Жалбата е поднесена во врска со активностите поврзани со воспоставување на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на Трговска Гора, веднаш до границата со Босна и Херцеговина.
Ова го потврди претседателот на Здружението „Зелен тим“, Марио Црнковиќ, истакнувајќи дека ова е уште еден меѓународен чекор во борбата против намерата на Хрватска да изгради складиште за нуклеарен отпад на локација што би можела да го загрози сливот на реката Уна и населението во областа.
„Жалбата до Бернската конвенција се однесува на заштитата на дивите видови, природните живеалишта и екосистемите на реката Уна. Досега веќе се активирани механизмите на Еспоо и Архуската конвенција, кои се однесуваат на проценка на прекуграничните влијанија, пристапот до информации и учеството на јавноста“, рече Црнковиќ.
Подготвено од А.Ѓ.