02.06.2026 Скопје
Централната команда на САД (CENTCOM) денес објави дека го онеспособила танкерот за нафта „Лекси“ што пловел под знамето на Боцвана, кој не ги почитувал прописите во Ормутскиот теснец и се обидувал да плови кон иранско пристаниште во Персискиот Залив.
ЦЕНТКОМ во соопштението на платформата X соопшти дека „празниот танкер за нафта бил онеспособен“ додека пловел низ меѓународни води кон иранскиот остров Харг, откако екипажот на бродот ги игнорирал повторените предупредувања и не ги почитувал упатствата од американските сили повеќе пати во период од 24 часа.
„Американски авион на крајот го онеспособи бродот испукувајќи ракета „Хелфаер“ во машинската просторија на бродот, спречувајќи го танкерот да стигне до Иран“, се вели во соопштението. ЦЕНТКОМ започна со спроведување блокада на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа на 13 април, а досега американските сили онеспособија шест комерцијални бродови и пренасочија 122 брода.
Подготвено од А.Ѓ.