28.05.2026 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека пристигнал во официјална посета на Шведска, за време на која ќе разговара за голем пакет за одбрана за Украина и купувањето на шведски ловци „Грипен“ со премиерот на земјата Улф Кристерсон.
„Денес, за време на работната посета на Шведска, подготвуваме голем пакет за одбрана за Украина и силен чекор кон ловците „Грипен“, што дефинитивно ќе ја направи нашата борбена авијација поефикасна. Денес се планирани средби со премиерот Улф Кристерсон, а претставници на шведската одбранбена индустрија ќе бидат присутни и во форма на делегации“, напиша Зеленски во објава на Фејсбук.
Тој додаде дека Украина „продолжува и проширува соработка“ со Шведска.
Во февруари, Зеленски изјави дека Украина има договори со меѓународни партнери за испорака на 150 шведски борбени авиони „Грипен“.
Подготвено од А.Ѓ.