22.05.2026 Скопје
Српската вицепремиерка и министерка за економија, Адријана Месаровиќ, денес во Белград се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Цветан Трипуновски, на разговори за понатамошно подобрување на економската соработка меѓу Србија и Северна Македонија.
Ресорниот министер разговараше со Трипуновски во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Драган Гламочиќ.
„Одржавме конструктивен состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, г-дин Цветан Трипуновски, со кого разговаравме за понатамошно подобрување на економската соработка меѓу Србија и Северна Македонија, со посебен фокус на зајакнување на економските врски и понатамошно поврзување на нашите пазари“, напиша Месаровиќ на својот Инстаграм профил.
Министерката додаде дека продолжува да ги следи политиките на српскиот претседател Александар Вучиќ и да гради уште посилна, економски постабилна и поразвиена Србија.
Подготвено од А.Ѓ.