12.05.2026 Скопје
Од почетокот на 2025 година, 70 палестински деца се убиени на окупираните палестински територии, освен Појасот Газа, или околу едно неделно, а повеќе од 800 се повредени, објави денес УНИЦЕФ.
Повеќето од децата убиени на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим биле погодени со боева муниција, додека други биле избодени, претепани до смрт или испрскани со бибер спреј.
„Ова не се изолирани инциденти. Тие укажуваат на континуиран модел на најлош вид кршење на законот, имено кршење на законите против децата“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, за новинарите во Женева по посетата на окупираниот Западен Брег минатата недела.
Тој додаде дека 93 проценти од децата кои ги загубиле животите од јануари 2025 година се жртви на израелската армија, додека останатите деца се жртви на напади од израелски доселеници, неексплодирани муниција или случајни погодоци од палестинските сили.
Подготвено од А.Ѓ.