21.05.2026 Скопје
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека денес го информирал генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за растечките закани кон Украина од Русија и Белорусија, наведувајќи дека е потребно силно колективно одвраќање.
Сибиха објави на платформата X дека се сретнал со Руте по пристигнувањето на министерскиот состанок на НАТО во шведскиот град Хелсингборг. Сибиха изјави дека со Руте разговарал за ситуацијата на фронтовската линија, украинските санкции против Русија, како и за мировните напори и улогата на Европа.
„За унапредување на дипломатијата, притисокот врз Москва останува клучен. Повторив дека санкциите не смеат да се ублажат“, рече Сибиха. Тој, исто така, му се заблагодари на Руте за зајакнувањето на НАТО и поддршката на Украина.
Подготвено од А.Ѓ.