21.05.2026 Скопје
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска.
Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека ја донел оваа одлука врз основа на изборот на сегашниот полски претседател Карол Навроцки, кого го поддржал на изборите, како и односите на Навроцки со САД. Во моментов во Полска се стационирани околу 8.500 американски војници, според податоците на полското Министерство за одбрана од јануари 2026 година. Бројката варира поради ротацијата на единиците, а во некои периоди достигнува околу 10.000 војници. Повеќето од овие сили не се трајно стационирани, туку доаѓаат преку ротациони мисии на НАТО и билатерални мисии.
Има неколку стотици постојано распоредени американски војници (околу 369, според американските податоци), додека останатите се составени од ротирачки копнени, воздушни и логистички единици.
Подготвено од А.Ѓ.