27.05.2026 Скопје
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за преговори за иднината на Европа, но во време кога „Европејците созреваат“.
„Сè сфаќаме сериозно. На еден или друг начин, треба да разговараме за идната структура на Европа. Ова е невозможно без учество на Европејците.“
„Затоа преговорите ќе бидат неопходни на еден или друг начин“, рече Песков во интервју за каналот „Известија“. Тој додаде дека Русија, како и Путин, е отворена за такви разговори, но дека „Европејците дури сега почнуваат да созреваат“.
„Ќе видиме. Бидејќи овие разговори за преговори засега се повеќе квази-схоластицизам. А дејствувањето засега е насочено кон понатамошен притисок врз Украинците, за да се борат и да не преговараат со никого. Тоа е реалноста“, изјави претставникот на Кремљ.
Тој нагласи дека процесот на преговори со Европа сè уште не е започнат, но дека ситуацијата се развива динамично.
„Настаните се развиваат динамично. Ќе видиме што ќе се случи со паузата што беше постигната во преговорите со Украина. Ќе видиме кога ќе заврши оваа пауза и како ќе продолжат преговорите“, рече Песков. Песков откри дека нема конкретни чекори во врска со кандидатурите за преговарач на ЕУ со Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин денес, 27 мај, пристигна во Астана во државна посета, додека Евроазискиот економски форум и состанокот на Врховниот Евроазиски економски совет ќе се одржат во главниот град на Казахстан на 28 и 29 мај.
Подготвено од А.Ѓ.