18.05.2026 Скопје
Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде денес изјави дека земјата, која не е членка на Европската Унија, се приклучила на Стратегијата на Европската Унија за регионот на Балтичкото Море (EUSBSR), која има за цел да ја координира работата за заедничките предизвици, вклучувајќи ги и безбедносните аспекти.
„Членството ќе ја зајакне соработката на Норвешка со ЕУ во регион кој стана централен за европската и норвешката безбедност“, рече Барт Ајде.
Регионот на Балтичкото Море е во состојба на зголемена готовност по серија прекини на подводните енергетски кабли, телекомуникациските врски и гасоводите откако Русија ја нападна Украина во 2022 година.
Барт Ајде рече дека приклучувањето кон EUSBSR ѝ дава на Норвешка нови можности да учествува во работата во области како што се поморската соработка, надзорот и безбедноста.
EUSBSR беше формиран во 2009 година за да ја зајакне соработката околу заедничките предизвици и да придонесе за позелен, поконкурентен и поотпорен регион.
Членови на EUSBSR се Шведска, Данска, Естонија, Финска, Германија, Латвија, Литванија и Полска.
Подготвено од А.Ѓ.