Marta Kos

28.05.2026 Скопје

Еврокомесарот за проширување Марта Кос ја повика ЕУ да најде друго решение во рамките на постојниот систем за прием на нови членки.

„Не знам во која насока ќе оди, но се согласувам дека треба да најдеме решение, нешто различно од она што го користиме денес“, рече Кос.

Таа рече дека некои лидери на ЕУ со кои разговарала приватно рекле дека сакаат поголеми можности за постепена интеграција на новите членки на блокот.

Кос нагласи дека „е вистинско време за забрзано проширување на ЕУ“ и дека очекува првата фаза од преговорите за пристапување со Украина и Молдавија да започне веќе следниот месец, додека преостанатите фази ќе се одржат во јули.

Таа нагласи дека не е можно Киев да се приклучи на Унијата до следната година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author