toploten_bran

27.05.2026 Скопје

Италијанското Министерство за здравство денес издаде портокалова тревога поради жештини за 14 италијански градови, додека се очекува четири градови утре да ја зголемат тревогата на највисоко, црвено ниво.

Градовите под портокалова тревога се Болоња, Болзано, Бреша, Фиренца, Фросиноне, Милано, Перуџа, Риети, Рим, Торино, Трст, Венеција, Верона и Витербо.

Дневниот билтен на италијанското Министерство за здравство предупредува на вонредните услови што ги носи топлотниот бран со можни негативни ефекти врз здравјето на здравите, активни луѓе, а не само на подгрупите изложени на ризик како што се постарите лица, многу малите деца и лицата со хронични заболувања.

Како што се очекуваше, понатамошно зголемување на температурите поради топлотниот бран што ја зафати Европа ќе се почувствува во Фиренца, Рим, Торино и Болоња, кои утре ќе бидат под црвен аларм.

Системот за тревога на италијанското Министерство за здравство има три нивоа, со дополнително нулто ниво (зелена зона), што значи дека нема тревога.

Првото ниво (жолто) е прелиминарно предупредување, додека второто ниво (портокалово) значи дека температурите и временските услови може да претставуваат ризик по здравјето, особено за ранливите групи како што се постарите лица и болните.

Третото ниво (црвено) значи дека топлината претставува здравствен ризик за целото население, а не само за ранливите групи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author