FARMACIJA

28.05.2026 Скопје

Деловните очекувања во германската хемиска индустрија нагло се влошија во мај, при што компаниите се жалеа на недостиг, а истовремено најавуваа зголемување на цените и отпуштања, според извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања Ифо во Минхен.

Вредноста на индексот што го мери расположението на бизнисот во германската хемиска индустрија падна во март од минус 28,6 поени во април на минус 30,2 поени.

Компаниите ја оценија моменталната деловна состојба малку подобро отколку во април, но очекувањата за наредните месеци значително ослабеа.

Според истражувањето, дел од хемиската индустрија во моментов има корист од растот на побарувачката за хемиски производи поради нарушувањата во глобалните синџири на снабдување, но проблемите со снабдувањето со суровини и меѓупроизводи стануваат сè поизразени.

Приближно 31,1 процент од компаниите во германската хемиска индустрија пријавиле недостиг на материјали, додека во првиот квартал од 2026 година овој удел изнесувал само седум проценти.

Како резултат на тоа, цените на хемиските производи нагло се зголемија, а повеќето компании очекуваат понатамошно зголемување на цените во наредниот период.

И покрај краткорочниот раст на побарувачката, компаниите планираат намалување на производството и нови отпуштања, се додава во извештајот на веб-страницата на Ifo.

Привременото економско закрепнување носи краткорочно олеснување за хемиската индустрија, но клучните структурни проблеми остануваат нерешени, забележува експертот за индустријата на Ифо, Ана Волф.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author