https://www.flickr.com/photos/187944820@N08/52292267974/in/photolist-2nETxr9-26GkQ83-2n2Haww-4irQML-UsdeP-jFiXm-2jHh93i-SiBgW-4FqLAs-6iGVgP-BxoDMD-Tr6pfN-asSZqm-Fp4N8i-6cmBBD-9N96C8-99WvSF-53nvuT-BSMDn6-gXHQH-DT4sR3-2khLjba-2RxBvm-4haRqu-PKdmVF-38oVM1-4gXQDb-2iw66Zx-5HFErs-2nu59n3-8GhrK9-3oZH2g-88WM9j-2gTYFuL-2mWf1Kp-5iV5GY-7KG5je-6Wmhse-cDk26-8hk9Eb-2mVQZeW-jQisY-2mwDBWz-F4c8A-4hoiiA-2mNN8SE-2kZETDe-afdvih-BAuun-2nskZBL

12.05.2026 Скопје

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекините во Ормутскиот теснец би можеле да имаат сериозни последици врз глобалните залихи на храна, првенствено преку зголемување на цените на ѓубривата, горивото и трошоците за поморски транспорт.

Според извештаите и коментарите на експертите, зголемените премии за осигурување на бродови и нестабилноста во синџирите на снабдување придонесуваат за зголемување на цената на клучните земјоделски инпути (ѓубрива, семиња, гориво, пестициди), што би можело да влијае на производството и достапноста на храна низ целиот свет.

Особено е важно да се напомене зголемувањето на цената на азотните ѓубрива, како што е уреата, која се транспортира во големи количини преку Ормутскиот теснец – еден од најважните глобални поморски патишта за енергија и хемиски суровини.

Индексот на цените на храната на ФАО покажува дека глобалните цени на храната се зголемиле за 1,6 проценти во април во споредба со март, како и за околу два проценти во споредба со истиот период минатата година, што дополнително укажува на притисоци врз светскиот пазар на храна.

Во аналитичкиот коментар што го придружува извештајот се наведува дека продолжените нарушувања во регионот би можеле да доведат до дополнителни ризици за земјоделското производство и трговијата, особено во земјите што зависат од увоз на храна и ѓубрива.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author