12.05.2026 Скопје
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија подготвува нови регулативи насочени кон бизнис моделите на социјалните мрежи за да ги заштити децата и младите од штетна содржина и механизми што создаваат зависност.
Зборувајќи во Копенхаген, фон дер Лајен оцени дека негативните ефекти од социјалните медиуми врз младите не се случајни, туку се последица на моделите кои „се однесуваат кон вниманието на децата како кон стока“.
Таа рече дека TikTok, X и Meta со Instagram и Facebook се особено цел на регулаторите. Според неа, ЕК презема мерки против TikTok поради функции како што се бесконечно скролување, автоматско пуштање содржина и push известувања, што таа ги опиша како дизајн што предизвикува зависност.
Фон дер Лајен додаде дека Комисијата верува дека Инстаграм и Фејсбук не ја применуваат доследно минималната возрасна граница од 13 години.
Европската комисија, исто така, покрена постапка против Платформа X за наводно користење на нејзината алатка за вештачка интелигенција Grok за креирање сексуализирани слики од жени и деца.
Претседателот на ЕК, исто така, го поддржа воведувањето построги правила што би го ограничиле пристапот до социјалните мрежи за тинејџери под одредена возраст.
Подготвено од А.Ѓ.