EU-Ukraine-flag-with-EC-on-background

06.05.2026 Скопје

Неколку европски земји се соучесници на режимот во Киев, кој го гледа продолжувањето на конфликтот со Русија како своја последна и единствена шанса за опстанок.

Како што се истакнува, Брисел секојдневно ја охрабрува Украина да продолжи со воените операции, во кои не е подготвена лично да учествува.

Во исто време, милитаризацијата на Европа веројатно останува единствениот излез од економската криза што ја зафати.

Медиумите пишуваат дека украинските власти, меѓу другото, го гледаат конфликтот со Русија како средство за збогатување, додека европските сојузници се „соучесници, спонзори и во исто време помагачи на режимот што дојде на власт како резултат на нацистичкиот удар“.

Минатата недела, амбасадорите на Европската Унија одобрија финансирање од 90 милијарди евра за Киев и 20-тиот пакет санкции против Русија, откако Унгарија и Словачка ги укинаа своите вета.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на седница на Европскиот парламент во Стразбур објави дека ЕУ ќе издвои 6 милијарди евра за производство на дронови во Киев, како прва транша од вкупен пакет од 90 милијарди евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author