EPL

13.05.2026 Скопје

Технолошкиот гигант „Епл“ ги поддржа критиките на „Гугл“ кон регулаторите на Европската унија во врска со предложените мерки што би барале од технолошките компании да им дозволат пристап на конкурентските услуги за вештачка интелигенција (ВИ) до нивните платформи.

„Епл“ изјави дека предложените мерки на Европската комисија би можеле да ја загрозат приватноста на корисниците, безбедноста и перформансите на уредите, објави „Ројтерс“. Предлозите се дел од спроведувањето на Законот за европски дигитални пазари, кој има за цел да ја ограничи пазарната моќ на големите технолошки компании.

Гугл претходно предупреди дека на конкурентските услуги би можело да им биде дозволено да извршуваат активности како што се испраќање е-пошта, нарачување храна и споделување фотографии преку Андроид апликации, што според компанијата би можело да ги ослабне постојните заштити. Епл, чии оперативни системи за iPhone, iPad и Mac се исто така предмет на регулаторните барања на ЕУ, изјави дека предложените мерки имаат пошироки импликации за технолошкиот сектор.

Компанијата, исто така, го доведе во прашање пристапот на Европската комисија, велејќи дека регулаторот се меша во техничките решенија развиени од инженерите на технолошките компании.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author