04.05.2026 Скопје
Романскиот претседател Никос Дан денес изјави дека земјата ќе продолжи да следи прозападен курс без оглед на исходот од гласањето за недоверба во парламентот утре.
Дан рече дека државата ќе продолжи да функционира стабилно дури и ако владата падне, нагласувајќи дека постои политички консензус за клучните приоритети, вклучително и спроведувањето на програмата SAFE и Националниот план за закрепнување и отпорност.
„Сакам да ги уверам Романците дека, без оглед на тоа што ќе се случи во една или друга насока, Романија ќе продолжи да го одржува својот западен правец, државата ќе продолжи да функционира, вклучително и политичкиот договор за непосредните основни цели, кои се SAFE и PNRR“, рече тој на состанокот на Европската политичка заедница во Ереван.
Дан рече дека Романија ќе остане посветена на своите цели за буџетски дефицит и прозападните политики, во обид да ги смири финансиските пазари.
Тој рече дека властите ќе ја одржат фискалната дисциплина и покрај политичките тензии што ги загрижија инвеститорите.
Пазарните превирања беа предизвикани од стравот од гласање недоверба на премиерот, што ја доведе националната валута, левот, на рекордно ниско ниво.
Гласањето недоверба, иницирано од 254 пратеници против владата предводена од Илије Болојан, ќе се одржи на заедничка пленарна седница на Домот на пратеници и Сенатот утре во 11 часот.
Подготвено од А.Ѓ.