20230605-pretstavuvanje-na-slovenechkite-rabotodavci-vo-skopje-informacii-za-vrabotuvanjeto-i-zhivotot-vo-slovenija-m

04.05.2026 Скопје

Повеќе од една петтина од вработените во Европската Унија, околу 21,3 проценти, редовно работат за време на викендите, со највисок процент во услугите и земјоделството, според податоците на Евростат.

Според извештајот, речиси половина од вработените на возраст од 15 до 64 години во услугите и продажбата, или 47,6 проценти, работеле во сабота или недела минатата година, додека сличен удел е забележан во земјоделството, шумарството и рибарството, од 47,2 проценти.

Меѓу работниците на нискоквалификувани работни места, уделот на оние кои работат и за време на викендите е 25,7 проценти.

Гледајќи го статусот на вработеност, само 18,5 проценти од вработените работат за време на викендите, додека уделот е значително поголем кај самовработените (претприемачи): 45,8 проценти за оние со свои вработени (работодавачи) и 35,9 проценти за оние без вработени (независни работници).

Меѓу земјите од Европската Унија, најголем удел на вработени кои работат за време на викендите има во Грција (31,5 проценти), по што следуваат Кипар (31,3 проценти) и Малта (29,2 проценти).

Спротивно на тоа, најмалку луѓе кои работат за време на викендите се пријавени во Литванија (3 проценти), Полска (4,2 проценти) и Унгарија (6,2 проценти), според веб-страницата на Евростат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author