07.05.2026 Скопје
Аргентинско Министарство здравља саопштило је да ће у Ушуају бити упућени стручни тимови како би спровели истрагу и анализу глодара због могућег присуства хантавируса, након случајева повезаних са крузером МВ Хондиус.
Министерството за здравство на Аргентина објави дека експертски тимови ќе бидат испратени во Ушуаја за да спроведат истрага и анализа на глодари за евентуално присуство на хантавирус, по случаите поврзани со крузерот MV Hondius.
Тимовите ќе фаќаат и тестираат глодари во области поврзани со движење на патници за да утврдат дали вирусот постои во природните резервоари, соопшти министерството.
Бродот исплови од Ушуаја на 1 април, а подоцна се закотви покрај брегот на Капо Верде откако починаа тројца патници, за кои се сомневаше дека биле заразени со хантавирус.
Сепак, истрагата сè уште не потврди дека инфекцијата потекнува од Аргентина.
Според здравствените податоци, хантавирусот обично се пренесува преку контакт со заразени глодари, преку урина, измет или плунка, додека преносот од човек на човек е редок, но можен кај одредени соеви.
Аргентинското Министерство за здравство наведува дека во покраината Тиера дел Фуего, каде што се наоѓа Ушуаја, нема пријавено ниту еден случај од 1996 година, додека експертите истакнуваат дека Аргентина има спорадични случаи секоја година, но не и епидемии.
Според аргентинските власти, оваа година се регистрирани 42 случаи, додека 101 се регистрирани во последните 12 месеци, што е речиси двојно повеќе од бројот во истиот период минатата година.
Експертите велат дека зголемувањето на бројот на случаи не укажува на епидемија, туку на поединечни инфекции што редовно се јавуваат во земјата.
Во меѓувреме, здравствените власти во Барилоче потврдија нов случај на болеста кај 45-годишен пациент, кој е хоспитализиран и префрлен на интензивна нега, додека членовите на неговото семејство се сместени во превентивна изолација. Истрагата за потеклото на инфекцијата е во тек, со оглед на тоа што пациентот неодамна патувал во неколку провинции во северна Аргентина.
Подготвено од А.Ѓ.