Slobodan Trendafilov SSM

08.04.2026 Скопје

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, го најави следниот голем работнички протест закажан за 1 Мај, што ќе значи одбележување на Меѓународниот ден на трудот и следен чекор во борбата на ССМ за зголемување на работничките плати.

„За плати се бориме и не се молиме!“ е слоганот под кој оваа година работниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, и ќе излезат на улица рамо до рамо, еден до друг, да побараат зголемување на минималната плата, затоа што минималната плата е усогласена без согласност на социјалните партнери, односно без согласност на Сојузот на синдикатите на Македонија и на штета на работниците, за само 1.667 денари. Тоа што е важно, а според податоците од Управата за јавни приходи што ги обезбедивме како ССМ, е тоа што 50 % од работниците во РС Македонија имаат плата под 600 евра – изјави Трендафилов.

Тој потсети дека ССМ од почетокот на годината, одржале неколку протести и неколку блокади.

Продолжуваме со протестите, односно на 1 Мај повторно ќе излеземе на улица, заедно со работниците – додаде тој.

Подготвено од М.Д.

About Author