tramp-iran-flota

06.04.2026 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп постави рок до вторник навечер Иран повторно да го отвори Ормускиот Теснец, а во спротивно најави удари врз клучната инфраструктура на земјата. Трамп во разговор рекол дека, ако Техеран не попушти, ќе бидат погодени електрани и мостови.

Тоа значи дека рокот што го поставува Вашингтон истекува во вторник во 20 часот по источкоамериканско време, односно во среда во 02 часот по македонско време. Трамп ја врза заканата директно со барањето Иран да ја деблокира пловидбата низ Ормускиот Теснец, клучната артерија низ која минува значителен дел од светската трговија со нафта.

Трамп во неделата јавно се заканил со удари врз иранската инфраструктура ако теснецот не биде отворен, а дека во пораките експлицитно ги спомнувал електраните и мостовите. Во исто време, од Белата куќа немало дополнително појаснување по неговата објава со точниот термин.

Најавата доаѓа во момент кога кризата околу Ормускиот Теснец веќе силно се одразува врз енергетските пазари и врз безбедносната состојба во регионот. Досега нема сигнал дека Иран официјално ја прифаќа американската поставена временска рамка.

Подготвено од М.Д.

About Author