MARK RUTE 2

22.04.2026 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посета на Анкара изјави дека воената алијанса „секогаш ќе прави што е потребно за да ја одбрани Турција“, земја членка која минатиот месец беше цел на четири ирански ракети.

„Иран сее терор и хаос, а тоа силно се чувствува тука во Турција. Во последните недели, НАТО успешно пресретна четири ирански балистички ракети што летаа кон Турција. НАТО е подготвен за вакви закани и секогаш ќе прави што е потребно за да ја одбрани Турција и сите други земји членки“, потсети Руте.

Поранешниот холандски премиер, кој го посети седиштето на Аселсан, турски гигант во одбранбената индустрија, ја пофали „револуцијата во турската одбранбена индустрија“ за време на неговата посета.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author