22.04.2026 Скопје
Унгарија се откажа од својата повеќемесечна блокада на планираниот пакет за поддршка на ЕУ за Украина тежок милијарди евра. Владата на премиерот на заминување Виктор Орбан во Брисел се согласи со одлука што треба да овозможи заем до 90 милијарди евра. Новите средства ѝ се потребни на Украина за продолжување на одбранбената борба против Русија, како и за други државни потреби и задачи.
Дополнително, постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел успеаја да покренат нов пакет санкции против Русија. Тој има за цел дополнително да ги намали приходите на Русија од продажбата на гас и нафта.
Исто така, се предвидува уште финансиски институции да бидат исклучени од меѓународниот платен систем и да се воведат дополнителни трговски ограничувања. Пакетот беше блокиран и од Унгарија и од Словачка.
Подготвено од А.Ѓ.